По возбудливиот ден на скијање или прошетка низ Осоговските патеки и стази, продолжете го денот и дочекајте ја вечерта во тишината на елегантно дизајнираниот Спа Центар во Магнолија Ресорт.
Спа центарот на Magnolia Resort на Пониква е извор на нова животна енергија. Овде, сè изгледа поинаку, полесно, поедноставно.
Благодарение на големите панорамски стакла, внатрешната и надворешната страна се спојуваат додека ја гледате шумската сценографија на Осоговските Планини удобно потопени во базенот со топла вода.
Изберете сами како ќе му угодите на Вашето тело, ќе го ослободите од токсините и ќе ја вратите потребната енергија.
Уникатен простор каде времето застанува, а мирот и релаксацијата стануваат апсолутен приоритет.
Надополнете ја изгубената енергија бидејќи опуштањето е комплетно само со позитивна стимулација на сите сетила.